|
|
Филмот е инспириран од приказната за Јованче и Марика, но тргнува од идејата дека децата не успеале да сe спасат од вештерката, туку таа ги претвора во монструозни суштества : Марика во трагикомична комбинација на човек и ларва која секој ден раѓа детски фетуси, а Јованче во лушпа од човек чија единствена смисла на животот е да ја оплодува Марика.
На тој начин вештерката успева да направи еден вид фарма за деца. Со помош на еден магичен напиток, бебињата забрзано растат и потоа завршуваат во нејзиниот казан.
Но еден ден, едно дете ќе се обиде да избега, и преку неговото бегство се запознаваме со грозоморниот свет на вештерката.
|
 |